HiPP советувалиште - млеко

Важно известување

Доењето е најдобро за бебињата. Млеката за доенчиња треба да се користат како замена за мајчиното млеко, само кога мајките не можат или самостојно избераат да не ги дојат своите деца. Се препорачува пред да се донесе одлука, односно пред користење на млеката за доенчиња за исхрана, да се консултирате со доктор или стручно лице.
Кравјото млеко не се препорачува да се користи за исхрана на бебињата, особено на возраст под 1 година. 
Пред употреба на млеката за доенчиња, внимателно прочитајте го упатството за употреба. 


ПРАШАЊЕ


Какви млека се добри за исхрана на моето бебе?

ОДГОВОР

  Добро прочитајте го упатството за употреба на млекото пред да му го дадете на Вашето бебе


Млеко за доенчиња
Бебињата што не се дојат треба да се хранат со млека за доенчиња. Овие млека се погодни за користење од раѓање на бебето или по престанок на доењето од било која причина.   Тие треба да се користат до 6 месеци од возраста на детето, по што некои родители можат да одлучат да почнат да му даваат на детето "follow-on" - млечни формули, но повеќето бебиња се хранат со млеко за доенчиња до своја 12 месечна возраст.  Вообичаено кравјото млеко не смее да му се дава на доенчето под возраст од една година, заради тоа што не содржи избалансирани состојки за исхрана на бебето, односно процентот на одредени сосотојки е поголем или помал во однос на составот на мајчиното млеко, како најдобро млеко за доенчињата.

Различни марки на млека за доенчиња
На нашиот пазар постојат многу марки на млека за доенчиња и сите тие помалку или повеќе ги исполнуваат стандардите пропишани во нашата земја. Млеката за доенчиња се направени од модифицирано кравјо млеко, на кое му се додадени потребните витамини и минерали, односно одземени состојките застапено во поголем процент со цел да се постигне ниво на квалитет потребен за да ги достигнат потребите за исхрана на бебето.


"Follow-on" -  млечни формули
Follow-on млечните формули се посебно припремени млека за исхрана на бебиња постари од 6 месеци. Не се препорачува употреба на овие млека за исхрана на бебиња под таа возраст. Follow-on млеката содржат повеќе железо и протеини од млеката за доенчиња и можат да се користат наместо млеката за доенчиња доколку има потреба во исхраната на бебето да се внесат и овие состојки.
HiPP Органското "Follow-on" млеко е направено со користење на органско млеко и не содржи никакви синтетизирани материи, ниту пак остатоци од пестициди или хемиски ѓубрива кои во млекото можат да дојдат преку исхраната на добитокот.

Останати млека
Покрај млечните формули направени од кравјо млеко, можна е употреба и на млека направени од соја претходно модифицирани и прилагодени за исхрана на бебињата, но со претходна консултација и совет од доктор.

Не прилагодени млека од соја, козјо и овчко млеко не се погодни за исхрана на бебиња под едногодишна возраст. 

ПРАШАЊЕ

Дали да користам исто млеко во првата година ?

ОДГОВОР

  Добро прочитајте го упатството за употреба на млекото пред да му го дадете на Вашето бебе

Ова зависи од состојбата на Вашето бебе и неговото напредување во периодот на исхрана со соодветната млечна формула. Доколку Вашето бебе е здраво, задоволно, со регуларна столица и постојано зголемување на тежината, во тој случај нема потреба за промена на млечната формула што ја користите за исхрана на бебето. Доколку сепак имате било какви резерви, во однос на млекото што го користите за исхрана на Вашето бебе и сакате да го промените, посоветувајте се со доктор, при изборот на новата млечна формула, односно тип млеко.
Запомнете:
Мајчиното млеко или било кое млеко за доенчиња треба да се употребува во првата година од животот на бебето.  Од шестмесечна возраст на бебето може да се употребува и "Follow-on" млекото, но не смеете да му давате да пие обично кравјо млеко под едногодишна возраст на бебето.

ПРАШАЊЕ

Кога да почнам да употребувам кравјо млеко?

ОДГОВОР

  Не треба да му давате чисто кравјо млеко, како главен оброк,  на бебе на возраст под една година. На возраст од 6-12 месеци, во период на преод кон тврда храна, на бебето може да му се даде кравјо млеко, само како додаток при мешање и припремање на бебешката храна. 
Кисело млеко или јогурт не траба да му се даваат на бебето.

ПРАШАЊЕ

Кога да престанам со стерилизација на приборот за исхрана?

ОДГОВОР

  Многу е битно целата опрема за исхрана на бебињата да се стерилизира пред употреба. Постојат повеќе начини за стерилизација, но кој ќе го употребувате Вие, најдобро е да се посоветувате со доктор. Опремата за исхрана на бебињата (шишенца, цуцли и сл.) треба да се стерилизираат се додека се користат во исхраната на бебето, додека останатите садови што се користат, обавезно треба да се стерилизираат најмалку до шестмесечна возраст на бебето. По таа возраст, истите можат да се користат по вообичаеното миење садови со соодветен детергент. 
Советувалиште
Храна за доенчиња
Нови Европски директиви
Клаус Хип
"Природниот и здрав развој на децата и чиста природа за нивен подобар живот се моја примарна животна цел и  дело."
повеќе
| Почетна | HiPP International | Контакт | Мапа на сајтот